Достапни линкови

Фискална децентрализација


Дали Владата вистински ја одмерила силата на општините и ке можат ли тие реално да фукционираат со пренесувањето на новите надлежности со децнетрализацијата на власта. Експертите и забележуваат на Владата што целиот овој процес се одвиваше нетранспаретно и сметаат дека во доменот на фискалната децентрализација има одредени дилеми. Професорот Живко Атанасовки спори околу две прашања сврзани со еден насто од ДДВ што државата треба да го собира за општините:

„Дали ова значи дека обемот на средствата што ќе се формираат за таа намена, значи како општи грантови ќе изнесува еден или два насто. Тоа е една работа која покажува кој обем на средства ќе се издвојат за таа намена. А, друго прашање е дали воопшто ДДВ ќе влезе во онаа категорија на таканаречени заеднички даноци.“

Како ке фукционираат оние општини што нема да можат да соберат даноци. Што ако се јават и такви ситуации? Ќе го покрива ли тоа државата или ке се дозволи состојба на банкрот општини, нејасно е за професорот Михаил Петковски:

„На пример во случајот на Охрид, градено, градено, меѓутоа не е платено. И тоа го става градот во банкрот, продава итн. Така што, тоа е многу комплексно прашање. Ние имаме доста голем обем сива економија, значи голем број луѓе не плаќаат даноци, а други коишто плаќаат плаќаат и за нив. Да не дојдеме во ситуација некој да рече, знаете, ние толку можевме да собереме, толку ни е силата и сега дајде ни трансфери. Тоа лесно може да се случи, па потоа ќе се каже зошто има дотации за општина А, а зошто нема за општина Б.“

За помалку мокните економски општини ке има дотации, но затоа државата вели министерот Гештаковски нема да троши средства за општини кои нема да си ги соберат извоирните приходи:

„Државата нема ни обврска, ни право да трансферира. Тогаш таа општина нема да може да ги остварува своите функции. А средствата, коишто ќе бидат трансферирани ќе бидат строго наменски и контролирани.“

Сепак, министерот тврди дека решенијата во законот за финансирање на општините дава доволни и сигурни средства, а квантификациите во во делот на процентот на учеството на државата може да се порамнуваат и усогласуваат,

„Преку учество на државните даноци, тоа е особено важно во делот на блок дотациите кои во никој случај нема да бидат трансферирани во централниот буџет на општините во помал износ, од износот кој бил трансфериран за одредена дејност во претходната година, во образованието, во делот на социјалата и културата, даваат сигурни гаранции за остварување на надлежностите кои ќе бидат пренесени на општините.“
XS
SM
MD
LG