Достапни линкови

Поздравено апсењето на Хусеин


Апсењето на Садам Хусеин беше поздравено од Британија и на Шпанија, земји кои се главните сојузници на американците во Ирак, но и од Франција и од Германија земји кои беа против ирачката војна. Британскиот премиер Тони Блер и шпанскиот Хозе Марија Азнар изјавија:

„Садам замина од власт. Тој нема да се врати. Тоа сега го знае ирачкиот народ и тој ќе реши за неговата судбина.“

„Садам беше директно одговорен за смртта на милиони луѓе во изминативе три децении. Дојде моментот да го плати тоа.“


Францускиот претседател Жак Ширак оцени дека станува збор за многу значаен настан кој во голема мера ќе придонесе за демократизацијата и стабилизацијата на Ирак. Германскиот канцелар Герхард Шредер испрати телеграма со честитки до претседателот Џорџ Буш.

„Германската влада го поздравува ова апсење и и честита на коалицијата за ваквиот значаен успех.“

Изјави шефот на германската дипломатија Јошка Фишер. Според рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов, апсењето на Хусеин ќе помогне Ирак да стане побезбедно место. Одлична вест, беше реакцијата на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон кој оцени дека апсењето на Хусеин ќе придонесе за зголемување на стабилноста во Ирак. Иста беше и оценката на еврокомесарот Хавиер Солана, како и на дел од арапските лидери. Инаку, апсењето на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин официјално беше потврдена во Багдад од американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер.

„Дами и господа го фативме. Ова е голем ден за ирачката историја. Тиранинот е затвореник.“

Рече Бремер, Шеесет и шест годишниот Садам Хусеин, по осум месечна потрага, бил уапсен во Ад даур во близина на Тикрит. Хусеин, како што прецизира командантот на американските сили во Ирак генерал Рикардо Санчез, бил пронајден во своето скривалиште. Притоа, според Санчез, Садам Хусеин не пружал отпор, туку соработувал со оние што го уапсиле. На прес конференцијата беа прикажани и видео снимки од апсењето на Хусеин како потврда на наводите на генерал Санчез.

„Садамовите медицински испитувања покажаа дека тој не е повреден и оти е во добра здравствена состојба.“

рече Санчез, додавајќи дека Хусеин сега се наоѓал во затвор на сојузничките сили на непозната локација.
XS
SM
MD
LG