Достапни линкови

Неовластени лица го ставија „под капа“ стадионот и спортската сала


12 вработени од тетовскиот спортски центар се спречени да ги извршуваат своите должности и да пристапат до нивните работни места затоа што тројца вработени ја закатанчиле вратата со нов катанец. Според директорот на тетовскиот спортски центар Жарко Стојановски се започнало за време на викендот со одложувањето на пријателскиот фудбалски натпреват меѓу Шкендија 79 и Работнички Кометал од Скопје. Тројцата вработени кои биле одредени да дежураат за тој натпревар, требале да ги вратат основните средства и реквизити потребни за натпреварот во магацинот на тетовскиот спортски центар, но тие тоа не го сториле. Во понеделникот, директорот Стојановски ги затекнал споменатите тројца вработени во стадионот иако тој ден не дежурале таму. Тие поставиле нов катанец на влезната врата, одбивајќи да се вратат на работните места во спортската сала, со зборовите дека некој им наредил да бидат таму без да кажат кој:

„За стадионот клучот и бравите се сменети, таму пристап немам. Еден работник мој ги смени бравите, прв братучед од Изаир Салиу, и не можам да одам, се плашам едноставно да одам.“

По овој настан директорот на тетовскиот спортски центар го пројавил случајот во полиција. Според директорот, ден потоа во салата на спортскиот центар во Тетово, во инцидент со лица од обезбедувањето на Малоречанскиот универзитет претепан е Зоран Димовски, еден од вработените:

„За време на одржување на настава на речанскиот универзитет, дојде група од Салиу од монопол, го извадија знамето македонско, го фрлија, го газеа и на крај го претепаа работникот. Да го земе работникот знамето и го претепале.“

Во нападот Димовски се здобил со повреди на главата, по што од полицијата е пренесен во медицинскиот центар во Тетово. И покрај ваквите настани, турнирот во мал фудбал на студентите од Малоречанскиот факултет бил одложен.
XS
SM
MD
LG