Достапни линкови

Еден од главните услови за олеснување на визниот режим


Договорите за реадмисија кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација што земјава ја потпиша со Европската унија, ја обврзуваат да ги прими сите нејзини државјани кои нелегално престојуваат во други земји, а тие се еден од главните услови за укинување на визниот режим. Токму поради тоа потпишувањето и спроведувањето на вакви договори треба да биде приоритет на Владата

„Оној момент, кога тоа ќе се случи и кога ќе го имаме новиот пасош и новата лична карта, тогаш нашата држава ќе може многу динамично и агресивно да бара да се престане со оваа за мене навистина непријатна дискриминација на нашите граѓани пред странските претставништва,“

вели Слободан Чашуле, кој учествуваше во експертскиот тим за подготвување на текстот на Спогодбата. Вакви договори Македонија треба да потпише со земјите од Западниот Балкан, и со оние од Европската унија. За тоа колку договори има склучено земјава, Татјана Велкова началник на одделението за евроинтеграција во Министерството за внатрешни работи информира:

„До денес Македонија има билатерални договори со вкупно осум држави, а со сите овие договори ги регулира правните основи и рамките во кои ќе се одвива понатамоѓното враќање на наши државјани кои по нелегален основ престојуваат во нивните земји, односно преземање на нивни државјани кои престојуваат на треиторијата на нашата земја.“

Според Чашуле пак сето ова треба да се спроведува со многу побрзо темпо

„Во спротивно ќе се најдеме на опашката и во процесот на интегрирање во ЕУ.“

Од МВР пак објаснуваат дека станува збор за подолгорочна работа, бидејки договорите се само формалната страна на овој процес на враќање на лицата кои нелегално престојуваат во други земји

„Суштинската обврска се однесува на стандардизација на постпаката на сите европски држави, во постапување со лицата, во борбата против илегалната миграција.“
XS
SM
MD
LG