Достапни линкови

До понеделник списоците за 290 вработени што ќе бидат отпуштени


290 вработени од јавните здравствени организации ќе мора да ги напуштат своите работни места, а списоците со имињата на овие лица ќе бидат објавени до 15 декември. Критериумите по кои ќе се оценува кој од вработените во здравствените установи ќе мора да заминат се веќе утврдени.

„Се бодираат по однос на работно место, стручност, работен стаж, социјални сегемтни,“

вели Симо Силјановски претседател на синдикатот на здраствените работници. Отпуштањето на вишокот вработени во здраствените институции е дел од спроведувањето на реформите во здравството, обврска која е превземена со доделувањето на стенд-бај аранжманот од страна на Меѓународниот монетарен фонд, па оттаму ставот на владата е, ние немаме друга алтернатива.

Од синдикатот со став, немаме сила да го спречиме најавеното отпуштање на кадарот кој е на платен список на министерствто за здравство:

„Немаме таква сила, тоа е ингеренција на власта,“

Тоа што овој синдикат може најмногу да стори е по отпуштањето, на тогаш веќе бившите вработени да им даде правна помош:

„Ние ќе им дадеме комплетна заштита, и правна и од сите типови што можеме.“

Досега министерството за здраство го напуштија 900 вработени, но меѓународната финансиска институција вакиот податок не го прифаќа како релевантен со оглед на фактот што најголемиот број од овие лица си заминаа во пензија. Во најновите отпуштања лицата кои ќе заминуваат во пензија нема да бидат земени во предвид:

„Мора да ги прифатат, ќе се отпуштат делови од клиничкиот центар, пералната и кујната,“

вели Ангелчо Саздовски претседател на сидикатот на клиничкиот центар од каде ќе заминат 113 вработени. Поголем проблем од отпуштањето на вкупно 290-те вработени, е начинот на кој се планира приватизирање на здравството, предупредува Силјановски:

„За нас суштински се реформите во здравството, каде што ќе има земјотрес за 24000 луѓе, ако не ги направат добро.“

По објавуањето на списоците со имињата прогласени за технолошки вишок, на овие лица им останува правото на жалба во наредните три месеци, по кој период и формално правно ќе им престане нивниот работен однос.
XS
SM
MD
LG