Достапни линкови

Фирми од Русија, Франција и Германија може да учествуваат во обновата на Ирак


По американската одлука да ги исклучи фирмите од земјите кои се против ирачката војна од договорите за обнова на Ирак. Брисел и Москва разочарани, Вашингтон со најава дека би можело да ја смени, но доколку тие земји решат да и се придружат на сојузничката коалиција.

Белата Куќа соопшти дека претседателот Џорџ Буш телефонски разговарал со лидерите на Русија, Франција и Германија во врска со американската одлука да ги исклучи од работите за обнова на Ирак во вредност од над осумнаесет ипол милијарди долари. Според налогот на американскиот заменик секретар за одбрана Пол Волфовиц, дваесет и шест вносни договори ќе останат резервирани за фирми од Соединетите Држави, од Ирак, од коалиционите партнери и од земјите кои испратија свои војници во Ирак. Исклучувањето на претпријатијата од Германија, Франција, Русија и Канада, бидејќи нивните влади беа против американската воена интервенција во Ирак, се објаснува со потребата за заштита на, како што наведува Пентагон, основните безбедносни интереси на Соединетите Држави.

„Мислам дека е соодветно оние земји што беа заедно со Соединетите Држави и со ирачкиот народ од почетокот, како и оние што со свои сили учествуваат во напорите во Ирак да бидат единствените прифатливи за најважните договори финасирани од американските даночни обврзници.“

Изјави портпарлот на Белата Куќа Скот Мекклилан, кој сепак ја остави отворена можноста Соединетите држави да ја сменат таквата одлука. Услов за тоа, според Мекклилан ќе биде, земјите што се противат на ирачката војна да решат да и се приклучат на коалицијата. Во тој контекст, според некои посматрачи е и најавената средба за идната недела на францускиот претседател Жак Ширак со американскиот пратеник Џејмс Бејкер. Во минатата недела Буш го наименубва Бејкер за свој личен пратеник во потрагата по меѓународен договор за намалување на ирачкиот надворешен долг кој ги спречува шансите за економско заздравување на таа земја. Инаку, веднаш по објавувањето на исклучувањето, Русија одговори со остро предупредување дека за возврат ќе заземе поостар курс во врска со реструктуирањето на ирачкиот долг, а Европската Унија најави дека ќе испита дали Соединетите Држави со таквата одлука ги крши правилата на Светската Трговска Организација. Некои експерти сметаат дека оваа одлука на Вашингтон е уште еден аргумент за оние што тврделе дека интревенцијата во Ирак била со цел да се збогатат американските и сојузничките корпорации кои работат со нафта.

„Поврзувајќи го членството во коалицијата на добра волја со напорите за реконструкција ние го претставуваме мотивот за профит во работата на таа коалиција.“

Смета Сајмон Серфети, директор на програмата за Европа во центарот за стретаегиски и меѓународни студии со седиште во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG