Достапни линкови

Состанок за иднината на Интернетот


Околу 12 преставници од 150 земји денеска ќе го започнат во Женева дво- дневниот состанок за иднината на Интернетот. Организаторите се надеваат дека ке помогнат за да се премости дигиталниот јаз меѓу богатите и сиромашните во користењето на информациската технологија. Дискусиите имено покажуваа длабоки разлики за тоа кој управува и кој плаќа, а медиаторите велат дека постигнале компромис за клучните прашања.

Дводневниот состанок е спонзориран од Обединетите Нации и преговарачите кои го подготвуваа состанокот велат дека е постигнат значаен прогрес за клучните прашања, а едно од нив е слободата на говорот преку интернетот и одговорноста на медиумите, вели Роберто Ривола од Швајцарскиот комуникациски сектор.

„Многу од земјите мислеа дека ова ке биде технички самит, а не и за медиумите. Така се согласивме земјите да зборуваат за прашањето за слободата на медиумите и за одговорноста на новинарите во информатичкото општество.“

Според извештајите во декларацијата на самитот ке се повика на универзалната декларација на Обединетите Нации за Човекови Права за слободата на говорот која се однесува и на интернетот. Меѓутоа прашањето кој ке менаџира со интернетот не се очекува да биде решено на Женевската средба. Имено, станува збор за контроверзно прашање. Соединетите Држави, односно владата и приватните компании наречени ИКАН, ги носат клучните решенија за интернетот и контролата врз мрежата на моќните компјутери. Тоа е така бидејки повеќето од системите се создадени во 70 и 80 –тите години на минатиот век и се развивани од страна на американската влада. Сиромашните земји сега сакаат да го сменат тоа, односно, како што велат, американското влијание врз интернетот да го пренасочат во некоја меѓународна организација како на пример Обединетите Нации. Развиените земји предводени од Соединетите Држави, пак се на ставот дека интернетот треба да биде воден од приватниот сектор, а дека ставањето под капа на некоја организација како И Ти У на Обединетите Нации ќе ја бирократизира целата работа. Ривола за ова вели.

„Ние сега ке имаме работна група под покровителство на генералниот секретар на обединетите Нации. Во неа ке се дискутира за тоа дали Интернетот треба да биде менаџиран од владите, приватниот сектор или од меѓународни организации.“

Сличен компромис се очекува и за прашањето кој ќе плаќа за ширењето на информациските технологии на земјите во развој во Азија, Африка и Латинска Америка. Африканските држави повикаа на формирање дигитален фонд на солидарноста.
XS
SM
MD
LG