Достапни линкови

Сиромаштијата главен проблем за остварување на човековите права


Најголем проблем за лошата состојба со човековите права во Македонија е неадекватната заштита, што подразбира лошо делување на заштитините органи како полицијата, јавното обвинителство и судството и сите оние кои би требале да го санкционираат повредувањето на правата на човекот, вели претседателот на Хелсиншкиот Комитет во земјава Мирјана Најческа. Според неа најчест елемент во земјите во транзиција кој е проблем во остварувањето на човековите права е сиромаштијата:

„ Се додека постои 37 насто невработено население, автоматски е илузорно да се зборува за практикување на правата и слободите, кога луѓето апсолутно се во економска зависност.“

Токму поради лошата економската состојба во која се наогаат граганите и со цел олеснување на начинот на остварувањето на нивните права, адвокатската комора го актуелизира прашањето за судските такси. Оттаму сметаат дека со одредбите на постојниот закон кој го регуглира ова прашање, граѓаните само дополнително се оптоваруваат со големи трошоци во услови на низок животен стандард:

„Самата адвокатска комора поднесе иницијатива за висината на судските такси. Треба да се направи детална анализа која што ќе ги усогласи таксите со можностите на граѓаните и на тој начин тие нема да бидат пречка за граѓаните во остварување на човековите права,“

изјави претседателот на Адвокатската комора Ненад Јаникевик.

Според Најчевска подобрувањето на состојбата на човековите права може да се очекува само ако власта како приоритет си го постави спроведувањето на вистински реформи насочени кон почитување на правата на човекот и додава:

„Многу земји имаме како пример каде што е направена многу брза и ефикасна промена. Зборуваме и за Естонија, Летванија, Чешка, Унгарија, Ирска, каде што имале 34 годишен конфликт, па успеале за еден многу краток период да издејствуваат промени коишто значат демократизација. Значи, доколку власта навистина си постави такви приоритети, промените се возможни и може да се направат. Немаме впечаток дека ова се поставува на ниво на приоритет, освен со декларација, односно озговорени зборови.“
XS
SM
MD
LG