Достапни линкови

Студентските протести се политички мотивирани


Јавноста во Македонија денес ја плаќа цената на една погрешно водена политика со која потребата за високо образование на припдниците на етничките заедници беше ставана во втор план, оценува професор Мирјана Малевска од Институтот за социлошки исртажувања коментирајќи ги реакциите поради најавите за легализирање на албанскиот парауниверзитет во Тетово што деновиве прерасна во протест на дел од студентите зад кој застанаа некои граѓани, невладини организации и одделни плитички партии.

„Ние сега само имаме последици од една лошо водена политика во изминатите десет години од оние луѓе кои ги имаа инструментите на власта во свои раце и кои можеа можеби на поинаков начин да го решат тоа прашање на време. Сега тоа само експлодира, експлодира на начин уште полош отколку што беше порано,“

оценува професор Малевска која таквата забелешка ја илустрира потсетувајќи на некои од ставовите на поранешни и актуелни претставници во власта што беа доминатни во изминатите десетина години како период во кој малоречанскиот објект имаше третман на параобразовна институција.

Професор Малевска смета дека високото образование треба да има третман на потреба и право на сите граѓани што живеат во државата. Во таа смисла таа упатува дека луѓето заеднички треба да ги делат проблемите кои поради лошата економска ситуација во државата се одразуваат и во образованието:

„Ние сега со припадниците на другите етнички заедници, со Албанците конкретно, сме принудени да ја делиме сиромаштијата, немаме друг избор, бидејќи ако тоа не го правиме ќе експлодира уште поголем меѓуетнички проблем.“

Во тој контекст претстниците на мегународната зедница комнтирајќи ги реакциите на незадоволство на студентите кои се противат на иницијативата за легализација на малорчанскиот универзитет оценуваат:

„ОБСЕ е разочаран што студентите се мобилизирани против иницијативата која се однесува на високо образование. Ги повикуваме студентите да не дозволуваат политички сили во земјава да манипулираат со нив. Ние веруваме дека ова е политичка работа. Сите знаат дека различни политички партии имаат различно мислење за ова прашање. Ние само сакаме студентите да се однесуваат независно од политичките сили и да размислат што е најдобро за иднината на сите студенти во земјава,“

изјави портпаролот на ОБСЕ во Македонија Избел Рут.
XS
SM
MD
LG