Достапни линкови

Осло: Доделена нобеловата награда за мир


На иранската активистка за човекови права Ширин Ебади денеска на церемонија во Осло ќе и биде доделена Нобеловата награда за мир, која таа ја доби за промоција на правата на жените и децата. Таа беше прва жена во Иран која стана судија и која беше присилена да даде оставка по исламската револуција во 1979 година и е прва жена-муслиманка добитник на Нобеловата награда за мир. Ебади ја продолжува работата за подобрување на човековите права и покрај смртните закани кои и пристигаат по објавата дека е добитник на оваа награда.
XS
SM
MD
LG