Достапни линкови

Тајван: Тајванскиот претседател го повлекува планот за референдум за независност


Тајванскиот претседател Чен Шуи Бијан денеска изјави дека го повлекува неговиот план за референдум за независност на Тајван од Кина, но дека и натаму останува на барањето Кина да ги повлече ракетите насочени кон ова острово. Неговата изјава доаѓа по реакцијата на американскиот претседател Џорџ Буш, кој на вчерашните разговори со кинескиот премиер Вен Џибао во Вашингтон јасно рече дека Соединетите Држави се против било каков едностран чекор кој ќе и се закани на политиката на Една Кина.
XS
SM
MD
LG