И покрај тврдењата на актулената влада дека предложената државна каса за наредната година е исклучително рестриктивна професорот од економскиот институт Димитар Ефтимовски со обратно уверување, во буџет каде јавната потрошувачка учествува со 32% од бруто домашниот производ не може да се зборува за посериозно затегнување на ременот:
„Рестриктивен буџетот не е. Баш напротив, буџетот во суштина е поголем од претходниот, што значи дека не станува збор за рестриктивност.“
Ваквата теза ја потврдува и податокот според кој во предложената државна каса е предвиден дефицит од 2.4 милијарди денари или државата е спремна да потроши за толкав износ повеќе средства отоколку што е способна да заработи:
„Со овој буџет, како и со претходните буџети, во суштина се покрива еден јаз којшто се јавува кај социјалната компонента од населението. Што значи дека буџетот на државата покрива дефекти коишто настануваат во претходната година.“
Предложениот нов начин на покривање на дефицитот во државната каса преку внатрешно задолжување , што значи финансирање со емитување на обврзници може да биде исклучително опасно доколку не се спроведува внимателно предупредува Ефтимовски.
„Тие обврзници имаат каматни каматни стапки. Значи, по какви каматни стапки државата ќе ги продава обврзниците. Порастот на каматните стапки веднаш ќе се одрази на порастот на каматните стапки на комерцијалните банки, а таквиот пораст ќе придонесе за намалување на инвестиционата активност, односно за пад на производството и на вработеноста.“
Намалувањето на масата на плати во администрацијата од една страна ќе го растовари буџетот за одреден процент на расходи , но во исот време ќе ја намали и јавната потрошувачка што секако негативно ќе се одрази врз економскиот развој на земјата:
„Ако се случи стапката на плати во буџетот да се намали, тоа директно ќе се одрази во агрегатната побарувачка во економијата. Тоа пак, веднаш повелкува намалување на поризводстовото и инвестициона активност.“
Редуцирањето на бројот на вработени во администрацијата со цел намалување на маста на плати , ќе предизвика единствено дислокација на троШоците од ставката плати за администрацијата , во ставката социјални трансфери.
„Доколку се отпуштат луѓе од јавната администрација, односно стапката за плати се намали, нема каде да одат овие луѓе освен под социјални трансфери. И во исто време ќе постигнеме негативни ефекти. Прво, значи ќе се префрлат вработените од ставка плати, во социјални трансфери, бидејќи државата ќе мора некако да ги субвенционира да преживеат, а во исто време ќе имаме намалување на агрегатната побарувачка и пад на произвидството и вработеноста.“
Со вака предложен буџет владата планира во текот на 2004 година да оствари економски раст од четири насто, со стапка на инфлација не поголема од 2.5%.