Достапни линкови

Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и Западен Балкан


Шефовите на дипломатиите на Европската Унија и на земјите од Западниот Балкан денеска во Брисел го одржуваат првиот состанок во рамките на посебниот Форум ЕУ – Западен Балкан. Во Нацрт-документот, што се очекува да биде усвоен на Форумот, се вели дека од суштинско значење за интеграцијата на Македонија, Албанија, Хрватска, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина се реформите во јавната администрација и правосудството и битката против организираниот криминал и корупцијата. На состанокот ќе биде разгледано што секоја од земјите има направено во прилагодувањето на законодавствата според стандардите на Унијата. Една од темите се и Стандардите за Косово.
XS
SM
MD
LG