Достапни линкови

Пад на рејтингот на политичките партии


Меѓународниот републикански институт е присутен во Македонија од 1990 година.

„Нашиот мандат е да ја промовираме демократијата во оваа земја,“

вели проект менаџерот на ИРИ Хенк Џонс, во пресрет на објавувањето на новата последна анкета на јавното мислење која говори за рејтингот на партиите во Македонија. Станува збор за истражувања кои се спроведуваат на редовна основа, пет до шест пати годишно. Во ИРИ велат, нивната цел е да им се помогне на политичарите во оваа земја:

„Целта е да им помогнеме на политичарите и на власта подобро да ги разберат и да одговорат на прашањата што ги засегаат луѓето во Македонија. Ние исто така го мериме степенот на успешноста со која политичките партии комуницираат со јавноста. Со овие резултати, партиите исто така може да го измерат својот прогрес. Дали се успешни или не, дали пораките што и ги испраќаат на јавноста имаа ефект. Дали се доживуваат како решавање на проблемите што на луѓето им се важни и на тој начин им помагаме,“

вели Џонс.

Овие анкети се спроведуваат со научни методи врз основа на репрезентативен примерок:

„Анкетите се научно базирани за да бидат репрезент на целата земја, од аспект на полот, урбаната или рурална средина, етничката припадност и возраста. Имаме репрезентативен примерок на испитаници што вообичаено е околу 1200 луѓе, што е добар примерок за население во земја со големина на Македонија.“

Секоа ново објавување на резултатите за испитувањето на рејтигнот во самите партии се сфаќаат мошне сериозно, велат во ИРИ. Би сакале тие да не бидат објавувани во медиумите, но очигледно партиите сакаат да ги достават до средствата за јавно информирање, и ние тука ништо не можеме да сториме, коментираат во институтот.
XS
SM
MD
LG