Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел жали за неуспехот на палестинските разговори за прогласување примирје


Израел денеска изрази жалење поради неуспехот на палестинските разговори со цел милитантните организации да прогласат примирје. Портпаролот на израелската валада Раанан Гисин соопшти дека пропаѓањето на разговорите во Каиро докажува дека палестинците се раководени од терористи. Претходно, палестинските власти соопштија дека не го прифаќаат неуспехот на вчерашните разговори и најавија нов дијалог со милитантните палестински групи.
XS
SM
MD
LG