Достапни линкови

Атина: Грчкиот суд ги прогласи за виновни членовите на групата Седумнаесетти септември


Грчкиот суд денеска во Атина ги прогласи за виновни клучните членови на групата Седумнаесетти септември за убиства, грабежи и бомбашки напади сторени во изминативе скоро триесет години. Специјалниот антитетрористички суд соопшти дека од деветнаесетте уапсени петнаесет биле одговорни за над две илјади кривични дела, вклучувајќи и шест убиства. Четворица, меѓу нив и единствената жена ангелики сотиропулу се ослободени од обвиненијата. Александрос Јатопулос за кого се смета дека бил мозокот на организацијата е прогласен за виновен за над деветстоини и шеесет обвиненија и се очекува да добие неколку казни доживотен затвор. Казните треба да бидат соопштени кон крајот на неделава.
XS
SM
MD
LG