Достапни линкови

Катманду: Најмалку 25 загинати во судири на маоисти со полицијата


Најмалку 25 маоисти и еден полицаец загинаа во повеќе одвоени судири во Непал во изминативе два дена, јавија денеска непалските мдедиуми. Весникот "Кантипур", пишува дека најмалку 19 маоистички бутновници загинале во петокот вечерта за врема на четиричасовната пресметка со полицијата во областа Котанг, на околу 160 километри источно од Катманду. Во истиот судир е убиен и еден полицаец, а ранет е и припадник на непалската армија.
XS
SM
MD
LG