Достапни линкови

„Лон“ производство за извоз


На листата 20 производи со најголемо вредносно учество во македонскиот извоз осум отпаѓаат на текстилните производи. Поконкретно, женските блузи и женските кошули се стоките од кој Македонија има најголем прилив на девизни средства, или 74 милиони американски долари била вредноста на блузите што државата ги извезла во последните десет месеци од оваа година. Но 90% од овој извоз е „лон“ производство, каде девизниот ефект е исклучително низок, доколку се има предвид фактот дека странскиот партнер го организира целокупното производство, а домашната текстилна компанија заработува единствено на ефтината работна сила. Комплетно соствено производство македонија неможе даима затоа што нема услови за такво нешто вели сопственикот на штипска „Баргала“ Константин Барзов:

„Маркетингот е скап и ние немаме можност да ги пласираме нашите производи. Кредитните услови се исто така скапи.“

Посебен проблем е фактот што Македонија воопшто не го штити домашното производство, што е и главната причина зошто истото неможе да заживее:

„Има стока на домашниот пазар од Кина и од Турција, и нелојалната конкуренција не можеме да ја издржиме.“

Во услови кога нема клима за развојна комплатно осоствено производство и пласирање на истото на странските пазари привлекувањето на странските партнери преку лон производство несмее да се базира единствно на ефтината работна сила, зашто И во овој дел конкуренцијата од блиската околина е голема .

„Има земји со уште поефтина работна сила, па мораме да ја зголемиме продуктивноста, ако сакаме да успееме и да им конкурираме на овие земји.“

Квалитетот, продуктивноста, ниските трошоци за производство, поволната бизнис клима се факторите кој можат да ја одлепат Македонија од стадиумот на земја во која има единствно клима за развој на лон производството, во земја која на пазарите низ светот ќе пласира сопствено производство чиј девизен ефект е повеќекратен.

Во ваква консталација на односите во десетте месеци од оваа година е регистриран трговски дефицит од 740 милиони 641 илјада американски долари, или рекордна негатива во трговската раземна од осамостојувањето на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG