Достапни линкови

Цавтат: Прв економски форум на југо-источна Европа


Во Цавтат во Хрватска денеска се одржува првиот состанок на Економскиот форум на Југо-источна Европа на кој ке се разговара за стопанската соработка меѓу земјите од регионот во рамките на приклучувањето во Европската Унија. На Форумот насловен како Конкуренти и / или пертнери учествуваат претседателите на Хрватска, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, како и министерот за европска интеграција на Словенија. целта е воспоставување вон институционална рамка на која политичките и економските лидери еднаш годишно ќе ги разменуваат искуствата.
XS
SM
MD
LG