Достапни линкови

logo-print

Завршува воената мисија „Конкордија“, стартува полициската „Проксима“


Полициската мисија „Проксима“ што ќе стартува на 15-ти овој месец има за цел да и помогне на македонската полиција да се приближи до европските стандарди посебно во справувањето со ризиците. Станува збор пред се за евентуални инцидентни закани за безбедноста кои се во надлежност на полицијата и справувањето со криминалот.

„Важен или пак клучен елемент од рамковниот договор е Македонија да достигне самоодржлива безбедносна околина бидејки без стабилна средина нема политичка стабилност, ниту економски развој. Поради подобрување на состојбата одлучено е воената мисија Конкордија да заврши, а со тоа да заврши и било какво воено присуство во вашата земја, но тоа не значи дека состојбата е одлична. Постојат проблеми, но тие се од криминална природа,“

изјави амбасадорот на Европската унија во земјава, Алексис Брунс

Според него токму организираниот криминал е област во која особено ќе им се помага на претставниците на министерството за внатрешни работи, а ќе се работи и на градење на меѓусебна доверба на полицијата со локалната полиција. „Проксима“ ќе советува полицајци и при преземањето на конкретни дневни акции.

Со мисијата што ќе биде 12 месеци присутна во земјава, а во која ке учествуваат 200 полицајци ќе раководи белгијанецот Барт Дуг кој до неодамна работеше во одделот за развој на полицијата во ОБСЕ.

Структурата на мисијата е веќе воспоставена, седиштето е во Скопје. Една група ќе биде стационирана во министерството за внатрешни работи и ќе го советуваат министерот, а друга ќе се грижи за операции на терен. Единици на Проксима ке бидат распоредени во полициските станици во осум градови во земјава: Скопје, Охрид, Тетово, Куманово, Гостивар, Дебар, Струга и Кичево. Оваа соработка мегу полицијата и европолицијаците се оценува како партнерство меѓу двете институции.
XS
SM
MD
LG