Достапни линкови

Њујорк: Анан го поздрави состанокот на новоформираната контакт група за Ирак


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го одржа првиот состанок со новоформираната контакт група за Ирак во која членуваат седумнаесет земји. На состанокот станало збор за идната улога на Светската организација во Ирак. Сепак, од дипломатски извори се дознава, дека средбата била одржана во врска со одлуката на Анан кога да наименува свој пратеник во Багдад по убиството на Серџио де мело кој во август годинава беше убиен во саубиствен напад врз седиштетот на Обединетите Нации во ирачкиот главен град.
XS
SM
MD
LG