Достапни линкови

В среда протести во Штип


5000 порано редовно ангажирани, а сега веќе невработени лица од фирмите загубари во Штип на 3 декември ќе ораниизрат протести со единствена цел, да го свртат вниманието на власта кон себе, бидејќи сите обиди досега тоа да го сторат останаа безуспешни:

„За нас како претставници на работниците, сите демократски методи се потрошени,“

вели Доне Димовски претседател на координативното тело на фирмите загубари од општина Штип. Дека ситуацијата во овој регион е алрмантна говори податокот дека од отпуштените вработени во штипските фирми загубари многу мал процент успеале работно да се ангажираат кај друг газда и што е најлошо кај 3000 од нив веќе се престанати сите надоместоци на име опремнина, што значи немаат никакви приходи, а кај останатите 2000 овие примања ќе престанат по 10 јануари 2004 година:

„Факт е дека луѓето се на улица без пари и без надеж за иднина. Срамота е за оваа власт луѓето коишто знаеле само да работат, да ги доведе до просјачки стап.“

На ваквата ситуација и покрај инсистирањето на помош владата упорно молчи

„Ние ги поканивме министрите заедно со господинот Петковски. Бевме многу стрпливи, дојде реконструкцијата на владата, почекавме, но нема резултати. Не ни останува ништо друго освен на улица да си ги бараме своите права што ни следуваат по Уставот и законите на Република Македонија.“

Молчи и носителот на листата од изборната единица бр 3 од владеачката коалиција Тито Петковски, кој наместо на средба со преставниците на загубарите чие одржување е договарано цела една година, само се појавил на локалната телевизија:

„ Тој дојде, меѓутоа само на ТВ Ирис и само од таму разбравме дека тој е во Штип.“

А барањата се многу едноставни, бидејќи истите се ветени во предизборната кампања на владеачката коалиција:

„Донесување на законот за загубарите. Рестартирање на затворените фабрики и враќање на помладите работници на работа и секако признавањето на стажот на луѓето, коишто не по нивна вина отидоа под бирото за вработување.“

Доколку протестите во среда во Штип не вродат со плод координативното тело најавува конвој на работници за Скопје, на кој ќе се приклучат и луѓе од фирмите загубари и од останатие општини од источниот дел на Република Макеоднија.
XS
SM
MD
LG