Достапни линкови

logo-print

Багдад: Судири меѓу американските сили и ирачки милитанти


Американските сили во Ирак убиле 54, а раниле најмалку 18 милитанти во судирите во Самара, соопшти портпаролот Бил Мекдоналд. Напаѓачите раниле 4 американски војници и еден цивил. Според зборовите на портпаролот, вчера американските војници успешно одбиле повеќе напади во регионот од лица кои носеле униформи на Садамовите фадаенови борци. Според болнички извори во Самара, во судирите настрадале најмалку 8 ирачки цивили. Според извештаите станува збор за најголеми борби по падот на Багдад во Април годинава.
XS
SM
MD
LG