Достапни линкови

Брисел: Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО


Во Брисел на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО се дискутира за проширување на мировната мисија во Авганистан. Генералниот секретар Џорџ Робертсон изјави дека евентуалниот несупех на авганистанската мислија може да му наштети на кредибилитетот на Нато и земјата повторно да стане средиште на тероризмот. Министрите од Европа пак на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд треба да му ја објаснат одлуката на шефовите на дипломатиите на Европската Унија за зголемување на способноста за сопствени воени операции. На состанокот се очекува да биде одобрена редукцијата на НАТО силите во Босна и Херцеговина од 12 на 7 илјади војници. Бројот на војниците на НАТО на Косово засега останува ист.
XS
SM
MD
LG