Достапни линкови

Западен Брег: Палестинскиот премиер ја критикуваше изградбата на безбедносниот ѕид


Палестинскиот премиер Ахмед Куреи ја критикуваше израелската изградба на безбедносниот ѕид на Западниот Брег и се закани дека ќе ги прекине мировните преговори. Куреи вчера во Јордан разговараше со американскиот пратеник Вилијам Барнс, кој побара од палестинците да превземат поконкретни акции против терористите. Барнс изјави дека Соединетите Држави остануваат определени за спроведување на мировниот план за Блискиот Исток. Тој денеска во Ерусалим ќе со состане и со израелскиот премиер Ариел Шарон.
XS
SM
MD
LG