Достапни линкови

Скопје: Црвенковски нема намера да се кандидира на претседателските избори


Македонскиот премиер Бранко Црвенковски синоќа за А1 телевизија изјави дека нема намера да се кандидира на наредните претседателски избори. Тоа воопшто не беше тема на разговорите што ги имавме во Вашингтон и во Њујорк, рече Црвенковски, отфрлајќи ги шпекулациите дека неговата можна кандидатура за претседател била една од темите за време на посетата на Соединетите Држави. Тој потврди дека било разговарано за македонско – грчкиот спор околу името, оценувајки дека проблемот ќе биде решен за време на мандатот на актуелната влада.
XS
SM
MD
LG