Достапни линкови

Крег Џенес, амбасадор на ОБСЕ во Македонија. Кризата минато, предизвиците на Македонија поврзани со приклучувањето кон ЕУ и НАТО


Дали некое од отворените пра[ања, проблеми на земјава можеме да ги прогласиме за завршени и решени?

Мислам дека можеме да кажеме дека кризата што се случи двеилјади и првата е се повеќе дел од минатото. Нова страна е свртена. Сега предизвиците се поврзани со процесот на приклучувањето кон Европската Унија и НАТО и реформите всушност мошне тешките реформи кои се неопходни за да се стигне таму.

Меѓуетничките односи беа доминантни во работата на ОБСЕ, особено по вашето доаѓање 2001 година. Како ги оценувате сега, има ли напредок?

Јасно е оти има доста напредок. Довербата се обновува. Постои драматична разлика од ситуацијата што ја затекнав кога дојдов тука. Но, притоа важно е да не се биде наивен – во секое мултиетничко општество, како што е ова, мултиетничноста е благодет, но тоа исто значи дека различноста подразбира постојан разговор, дека различните етницитети ќе мораат да бидат во дијалог што ќе осигура сите се чувствуваат добро во својата држава и никој да не почуствува потреба од посегање по национализмот за да биде чуен.

Кој момент, настан или период би ги оцениле како најтески во васето работење тука?

Па, имаше доста интересни моменти. Би рекол дека периодот на враќање на полицијата беше тежок во повеќе наврати. Но, она на што најмногу ми остана во сеќавање во таа смисла е времето околу изборите минатата година. Тогаш е убиен еден полицаец, имаше киднапирање што беше многу тешка ситуација. Но, од тоа време е и хероизмот на државната изборна комисија. На тоа навистина се сеќавам како на нешто извонредно во оваа земја.

Имаше ли моменти на песимизам ?

Се разбира имаше моменти кога бев обесхрабрен, уморен кога не знаев што ќе се случи или што јас треба да направам. Но никогаш не го загубив оптимизмот за иднината на оваа земја. Се покажа дека ние што бевме оптимисти сме во право. Имаме ситуација кога мирот е буквално непроменлив и предизвикот не е војна или мир туку реформи кои се неопходни за влез во Европа каде Макеоднија припаѓа.

Да ве прашам нешто актуелно. Во пресрет на утрешното соопштување на резултатите од пописот очекувате ли едно од клучните спорни места во меѓуетничките односи да биде затвроено или можеби повторно проблематизирано?

Резултатите до пописот се важни од многу причини. Пописот не е само за етничката застапеност, тој одговара и содржи голем број информации. Се разбира заради претпоставките во охридскиот договор и уставните промени прашањето за етничката застапеност има специфична важност. Но, луѓето треба да имаат на ум дека пописот е нешто што се случува редовно во секоја земја во светот. За десет години ќе има нов попис, па уште еден. Јас не очекувам резултатите од пописот драматично да влијаат на политичката или безбедносната ситуација тука.

Генералниот секретар на НАТО во заминување Џорџ Робертсон неодамна изјави дека Македонија е успешна приказна на Балканот. Такви оценки добивавме и пред кризата, па сепак ни се случи воен конфликт. Значи ли тоа дека никогаш нема да можеме да се опуштиме?

Како што реков мирот е непроменлив и постои надеж за подобра иднина во Европската Унија. Но, исто така како што реков претходно земји како што е оваа со мултиетнички карактер мораат секогаш да бидат свесни за тоа. Тоа не значи дека постои опасност од безбедносна криза туку дека постои обврска за градење на добрите меѓуетнички релации, за да нема простор од незадоволство или стравување од нова војна.

Како сега ја оценувата безбедноста во земјава?

Безбедносната ситуација продолжува да се подобрува но исто така продолжува има има потреба од подобрување. Сеуште има криминалци, полицијата треба да вложува напори во подобрувањето на работата, а граѓаните во помагањето на полицијата тоа да го стори. Но, јас сум сеуште убеден дека иако има некои изолирани криуминалци нема вистинска подршка за какво и да е организирање на политички мотивирано насилство. И останувам на таа проценка.

На што ќе биде фокусирана работата на ОБСЕ во иднина?

Имаме планови разработени со владата да продолжиме со помошта во обуката на полицијата и тоа ќе биде во координација со новата мисија ПРОКСИМА имаме програми во заедничкото патролирање со други зборови ќе продолжиме со помагањето во подобрувањето на довербата меѓу полицијата и локалното население. Ќе имаме програми за поддршка на медиумите, особено МРТВ, потоа проекти за подршка на правобранителот, подобрување на судството. Нашата улога е поинаква од онаа во двеилјади и првата. Како што кризата станува дел од историјата нашата улога се менува и во многу нешта се намалува.

Една од работите во кои ОБСЕ учествува е и истрагата околу случајот со Диме Ицковски Поштарот. Министерот за внатрешни изјави дека представник на мисијата е дел од комисијата која треба да ги утврди фактите околу овој случај?

Да ние како што министерот и соопшти партиципираме во комисијата. Но, се разбира јас не би можел да ја кометирам нивната работа се додека таа не биде завршена.

Што и недостасува на Македонија да биде земја во која нема да има мисија на ОБСЕ?
Присуството на ОБСЕ тука не треба да се сфаќа како некаква црна дамка. Ние тука сме на покана од владата да помогнеме. Тоа не значи дека земјава е на некој начин од втор ред или неспособна, тоа само значи дека и е потребна помош за одреден краток период. Како што работиме на проблемите потребата од ОБСЕ ќе се намалува. Кога нашата работа ќе биде завршена ќе ни биде драго да заминеме.
Која би била препораката за васиот наследник? Сто ке му советувате
Јас му дадов три совети иако сум сигурен дека тој е многу помудар од мене. Му реков да верува во персоналот на мисијата, тесно да соработува со нашите пријатели од меѓународната заеница и тука мислам на мисиите на НАТО, Европската Унија и на американската амбасада и третиот совет што му го дадов на мојот наследник е да се обиде да работи без ароганција со разбирање и вистинско партнерство со властите но и луѓето во оваа земја. Затоа што на крајот на краиштата ние сме тука заради нив.

Која е клучната порака, сугестија која ја упатувате на Македонија на крајот од вашата мисија?

Имам три пораки. Првата е охридскиот договор. Тоа е достигање поради кое оваа земја треба да биде горда. Нема ништо срамно напротив вистинска доблест е да се избере копромис наместо конфликт, дијалог наместо разурнување, мирот наместо војната. Мислам дека оваа земја донесе вистинска одлука за доброто на своите деца. Втората моја порака е дека нема никакво соменвање оти иднината на оваа земја е во Европската Унија но тоа е пат што не може да го изоди само една етничка група. Сите луѓе тука мораат да го изодат тој пат заедно. И третата работа што би ја рекол е дека ќе има предизвици и во иднина тоа е јасно. Но ова е земја полна со талент, полна со луѓе кои ја разбираат важноста на копромисот и знам дека ќе го најдете својот пат.
XS
SM
MD
LG