Достапни линкови

logo-print

Девалвација во моментов е исклучително грешен чекор


Исклучително грешен чекор е во овој момент Македонија да одлучи да изврши девалвација на сопствената валута односно да повлече потег што ќе значи намалување на вредноста на денарот во однос на еврото и американскиот долар тврди економскиот експерт професор Тихомир Јовановски.

„Сметам дека не би требало да се менува тој однос, иако можеби постојат услови и потреба за тоа со оглед на тоа што се менува односот на интервалутната вредност на еврото во однос на доларот.“

Актуелноста на темата девалвација, да или не ја наметнаа сопствениците и менаџерите на поголемите извозни компании во државата кои тврдат дека македонскито денар е преценет во однос на странските валути поради што производите кој се нудат на пазарите надвор на границите се ценовно неконкурентни.

„Во Република Македонија колку што е проблемот девизниот курс, толку е голем проблемот, што таа нема понуда за извоз, така што за еден или двајца извезувачи, најголеми, би било многу поштетно ако им се пристапи во прилог, во споредба со другите сегменти од националната економија. Односно, би дошло до покачување на трошоците за живот, инфлација и уште потешки социјални тензии.“

Самиот факт што трговскиот дефицит за изминатите 10 месеци одоваа година изнесува 850 милиони американски долари говори дека курсот на денарот е нереално висок, а истиот се контролира со девизните резерви од народната банка. Неговото депрецирање во овој момент може негативно да се одрази врз домаШната понуда ценовната стабилност на останатите производи тврди Jовановски.

„Ако во овој момент би се извршила девалвација, за релативно кратко време би дошло до покачување на цените на мало во Република Македонија, и тоа би го отежнало извозот на стоките од Македонија во другите земји.“

Продуктивноста економичноста И квалитетот го продаваат макеоднскиот производ на странските пазари е советот кој јовановски им го дава на извозниците, отфрлајќи ја тезата за дека високиот курс на денарот е причина за нивните постигнати слаби резултати.

„Извозот се стимулира само по пат на зголемување на производството, а второстепено е вештачка мерка, може да има и политичка конотација намалувањето на вредноста на домашната валута.“

И додека извозниците полемизираат на тема девалвација или не проценките на економските експерти се дека до крајот на годинава трговскиот дефицит ќе ја достигне сумата од една милијарда долари што ќе претставува рекордно ниво на неурамнотежен увоз со извоз, од осамостојувањето на Македонија.
XS
SM
MD
LG