Достапни линкови

Расправа за испраќање нов контингент војници во Ирак


За разлика од првиот пат кога собранието позитивно се изјасни за испраќање на македонски војници во Ирак сега имаме два клучни моменти што одат во прилог парламентот повторно позитвно да се изјасни и за вториот мандат на македонскиоте војници во Ирак, рече министерот за одбрана Владо Бучковски пред македонските пратеници:

„Тоа е пред се резолуцијата на Советот за безбедност од 16-ти октомври годинава, тоа е резолуцијата 1511 која успеа да создаде една поинаква атмосфера во самиот Совет за безбедност и во членот 14 од оваа резолуција, Советот за безбедност да ги повика сите земји членки на светската органзиација да обезбедат помош за Ирак, вклучувајќи и војници под мандатот на ОН. Другата предност е стекнатото искуство на нашите војници, кои во една исклучително тешка мисија дадоа несебичен придонес за подобрување на состојбата на територијата на која се наоѓаат.“

Со завршување на странското воено присуство во македонија и учеството на нашите војници во Авганистан и Ирак го зајакнува својот углед и кедибилитет во светот потенцира министерот Бучковски:

„Јасно се покажува дека Република Македонија од зависник од странското воено присуство, за обезбедување на својата безбедност и стабилност, ја менува радикално својата позиција, го зајакнува својот кредибилитет и углед, со тоа што може да даде свој придонес во зацврстувањето на светскиот мир и стабилност.“

Од „мировна мисија“ мандатот на македонските војници во Ирак како и што се најавуваше ќе биде сменета со ,,мисија за зајакнување на мирот,, тоа ќе биде нова мисија која подразбира и поголем ризик за нашите војници.

„Пред вас е одлука која е скоро идентична со одлуката што ја донесовме пред шест месеци.“

Македонија во составот на коалициските сили во операцијата „Слобода за Ирак“ испраќа армиски вод за спецјални операции кој ќе брои 31 војник, Нивниот мандат како и претходниот ќе трае шест месеци, а финансиските трошоци за транспортот, сместувањето, исхраната и итната медицинска помош на учесниците во мировната мисија ги обезбедуваат САД, а останатите РМ.
XS
SM
MD
LG