Достапни линкови

logo-print

Тбилиси: Парламентот не се договори за датумот на парламентарните избори


Парламентот на Грузија вчера не успеа да се договори за датумот на одржувањето на парламентарните избори. Денеска продолжува расправата за крајниот рок за пријавување на кандидатите за претседателските избори на 4 јануари по оставката на Едуард Шеврнадзе. Во меѓувреме, лидерите на трите автономни региони, Ајарија, Абхазија и Јужна Осетија закажаа средба во Москва со рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов за ситуацијата во Грузија. Рускиот претседател Владимир Путин пак, побара од парламентот да ја продолжи мировната мисија од 3000 војници во Грузиската провинција Абхазија каде што беа распоредени во 1994 по војната меѓу сепаратистите и владините сили.
XS
SM
MD
LG