Достапни линкови

Њујорк: Светските лидери недоволно ангажирани во борбата против сидата, смета Анан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека светските лидери се недоволно ангажирани во борбата против сидата која за одредени земји делува како оружје за масовно уништување. Имено во извештајот на Светската Организација се наведува дека во оваа година од сидата се заразиле околу 5 милиони луѓе, а повеќе од три милиони умреле. Африка е во најкритична ситуација иако сидата се повеќе се шири во Русија, Украина, Естонија и Летонија.
XS
SM
MD
LG