Достапни линкови

Народот не смее да дозволи создавање паралелна црква


Народот не смее да дозволи создавање паралелна црква, изјави за Радио Слободна Европа владиката Петар коментирајќи ги намерите на СПЦ дека во недела ќе изврши хиротонија на еден од пулените на расчинетиот владика Јован, кого Србите го прогласија за Егзарх на Охридската архиепископија.

„Поинаков начин на решавање на проблемите, ние не гледаме, не очекуваме, ниту пак сакаме. Но, од друга страна исто така сметаме дека најдобри механизми, како што вие рековте, би биле и понатаму трезвениот приод на верниците и нивното целосно прифаќање и разбирање, без разлика дали се тоа верници Македонци или припаѓаат на некоја друга нација или народност итн, дека во Македонија треба да има само една православна црква, а не повеќе православни цркци, уште помалку паралелна црква или расколничка црква во овој случај. Од тие причини, механизмите се тие, будно народот да ги следи овие работи и да остане и понатаму доследен кон МПЦ.“

СПЦ продолжува со негирањето на македонската црква и да се меша во внатрешните работи на МПЦ па дури и државата вели владиката Петар;

„Дава поттик, да на таков начин и во другите држави се создаваат такви паралелни цркви. Да не биде изненадена СПЦ, ако со тоа еден ден се создаде паралелна православна црква и во самата Србија, тоа е лош пример на решавање на проблеми.“

Според најавите од СПЦ, Јован Јовчевски од српскиот Патријарх Павле ќе биде хиротонисан во Архимандрит, Епископ велички и администратор на Полошко кумановската епархија.

Кога очекувавме дека ставовите на СПЦ ќе омекнат и дијалогот меѓу двете цркви ќе подолжи Српската црква ја промовира идејата за создавање паралена црква во Македонија вели владиката Петар:

„ Јасна е целта и намерата, да создаде една забуна меѓу верниците и исто така да и нанесе штети на МПЦ во извршувањето на нејзината мисија, но и на целото православие.“
XS
SM
MD
LG