Достапни линкови

logo-print

Обработката на податоците од пописот е изведена професионално


Одговорно тврдам, вели раководителот на секторот за обработка на пописните податоци Апостол Симовски дека резултатите од пописот, што ќе бидат соопштени во понеделник се точни, согласни со меѓународните стандарди и лишени од какви и да е политички притисоци за нивно менување. А, обиди за тоа имало и ќе има, вели Апостоловски:

„Проблемот е тоа дали ние со методите на прибирање, на обработка на податоците ќе дозволиме тој политички притисок да изврши влијание на податоците. Тврдам дека таква можност не се дозволи. Нашето настојување беше, е и ќе остане и понатаму, оваа опрација да се спроведе професионално, онака како што налага статистиката како професија. Музички желби не исполнуваме.“

Можноста од грешки не е исклучена во текот на собирањето и обработката на податоците, согласни се и во државниот завод за статистика и во меѓународниот експерски тим за мониторинг. Работата е во тоа тие да бидат на време откриени и поправени:

„Беа утврдени строги правила пред започнувањето на обработката, преку кој компјутерски се откриваат сите можни грешки и не се даваше можност образецот да помине во понатамошниот дел од обработката доколку тие грешки не се надминат. Обработката беше така организирана, со такви строги контроли коишто не дозволуваа појавување на никаква грешка во пописниот материјал, а уште помалку даваа можност некој да направи и намерен обид за било какво менување на она што значи податок.“

За да се елмимираат било какви сомневања во однос на резултатите од пописот, целата операција се изведува под меѓународен мониторинг. Веднаш по објавувањето на резултатите, што ќе ги објават бројот на попишаното население, како и бројот на вкупното население на Република Македонија, вклучително со етничката структура, меѓународниот мониторинг тим ќе ја даде оценката за валидноста и коректноста на извршената операција, во тек се последните проверки:

„Ние ги проверуваме податоците, нивното чистење и коректност, обидувајќи се да видиме дали податоците се добри, постои ли систематска грешка или некои неодследности,“

изјави шефот на народната мониторинг група Халглимур Соренсот.
XS
SM
MD
LG