Достапни линкови

logo-print

Краен рок првиот квартал од наредната година


Најавените реформи во јавната администрација за наредната година нема да може да се реализираат се додека луѓето од министерството за финансии и Меѓународниот монетарен фонд не седнат со синдикатот на заедничка маса, на која ќе се даде одоговорот што со отпуштените работници. Прогласувањето на технолошки вишок не е реформа, вели Дојчин Цветановски претседател на синдикатот за образование наука и култура.

„Сигурно таа работа не може да ја прифатиме. Прво, со нас никој не седнал да разговара. Па, да видиме што со тие луѓе, можеби не мора да бидат во јавниот сектор, ама каде да се преместат.“

Никако нема да дозволиме класично отпуштање на вработените и паѓање под заводот за вработување. Една од опциите е хигиеничарките, вработените во кујните или сметководителите да бидат вработени во посебни агенции од државата ќе се обврзе во иднина да ги користи нивните услуги, е ставот на Цветановски:

„Административниот дел, сметководители итн, агенција може да се формира, па министерството да си преземе обврска, услугите што треба да се прават да ја врши таа агенција.“

Доколку од администрацијата се отпуштат чеири насто од вкупниот број на вработени тоа ќе значи дека истите тие луѓе ќе мора да бидат пратени под заводот за вработување, каде повторно ќе бидат на терет на државата , бидејќи како социјални случаи таа ќе мора да им исплаќа социјална помош.

Првиот финансиер со став, за оваа година не ја исполнивме обврската што зна6и намлување на вработените во јавната администрација од четири насто, а незавршената работа ќе мора да се реализира во целост наредната година:

„До сега не е направено многу во однос на тоа, значи ќе биде нето 4 насто во однос на 2003.“

вели министерот за финансии Никола Поповски според кој реформите во министерството за одбрана и внатрешни работи ќе се одвиваат со посебна динамика:

„АРМ и МВР се во посебен пакет. Додека за АРМ имавме еден закон за предвремено пензионирање и намалување на бројот на офицерите, кој е донесен и кој ќе се остварува до 2007 година постапно.“

Како што дознаваме од извори во канцеларијата на меѓународниот монетарен фонд доколку до првиот квартал од 2004 година владата не успее да ги реализира најавените реформи , како едно од решенијата ќе биде и донесување на закон што ќе значи спуштање на старосната граница за одење во пензија или за жените таа ќе изнесува, 55 години, а за мажите со 60 години.
XS
SM
MD
LG