Достапни линкови

90 насто од внатрешно раселените лица се вратени во своите домови


Повеќе од пет илјади оштетени куќи за време на вооружениот конфликт во Македонија веќе се реконструирани. А, од 30 илјади внатрешно раселени лица над 27 илади веќе се вратени во своите домови соопшти Владо Поповски министер без ресор задолжен за процесот на реконструкција на оштетените домови и внатрешно раселените лица.

„ Со втората фаза што ја координира Европската комисија, преку меѓународната менаџмент група треба да бидат реконструирани нешто повеќе од 1,500 објекти од трета и четврта категорија, односно оние со најголеми оштетувања. Во овој момент во нашата држава има нешто повеќе од 2,600 внатрешно раселени лица, од кои повеќе од 1,100 се сместени во колективните центри во Скопје и Куманово, а останатите во домаќинства. Овој број очекуваме до крајот на годинава уште повеќе да се намали и да изнесува 2,200 лица. Во ноември минатата година имаше некаде околу 9,500 внатрешно раселени лица.“

Министерот за Транспорт и Врски Агрон Буџаку ја истакна финансиската помош на меѓународната заедница во реконструкцијата на оштетените домови:

„Без помошта од луѓето кои несебично и пожртвувано се вклучија во овој процес на рехабилитација и санација на разрушените домови, раселените граѓани можеби сеуште не ќе беа вратени во своите домови. Но, за нас овој процес сеуште ќе трае. Се додека и последната куќа не биде завршена и последниот раселен граѓанин во Република Македонија не се врати во својот дом.“

Најуспешниот дел од имплементацијата на Охридскиот договор е токму реконструкцијата на оштетените домови гласеше оценката на специјалниот преставник на ЕУ во Македонија амбасадорот Алексис Брунс:

„Се надевам дека ревилатизацијата на Економијата во поранешните кризни региони ќе биде примарна цел на Владата во наредните месеци. За време на реконструкијата на домовите имаше и инциденти при што веќе реконструираните куќи беа вандализирани уништени и запалени. Лицата кои го сторија тоа мора да бидат уапсени, а полицијата да ги зголеми своите активности во овие региони,“

рече амбасадорот Брунс кој порача: нема да постои економска обнова без етничко помирување и мирна етничка коегзистенција.

Амбасадорот на делегацијата на Европската Комисија Добнато Киарни ја презентираше програмата за економска ревитализација на поранешните кризни региони во областа на земјоделството, комуналната свера и бизнисот.
XS
SM
MD
LG