Достапни линкови

Вашингтон: Буш најави разговори за прераспределување на американските сили низ светот


Американскиот претседател Џорџ Буш најави дека Соединетите Држави ќе ги интензивираат разговорите со европските и азиските сојузници околу прераспоредувањето на американските војници и бази со цел подобро да се одговори на заканите од меѓународниот тероризам. Ова се наведува во синоќешното соопштение издадено од Белата Куќа. Секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд, веднаш потоа, прецизира дека се уште не е донесена одлука за тоа, но оти станува станува збор за процес што ќе трае околу шест години. Пред извесно време Соединетите Држави ја обелоденија намерата да го намалат своето големо воено присуство во Германија и тие сили да ги преместат во источна Европа.
XS
SM
MD
LG