Достапни линкови

Според граѓаните, разликите се почитуваат традиционално


Разликите во верата во православната и исламската верска зедница во Македонија се почитуваат традиционално сметаат македонските граѓани. Прашани за пример што ја потврдува оваа деклартивна забелешка тие упатуваат на големите православни и исламски празници како што се Велигден и Бајрам кога почитта тие главно ја манифестираат со меѓусебно честитање на празникот:

„Комшии ни се. се почитуваме, знаеме кога кој празник е, не викаат и на баклава.“
„На Бајрам тие ни доаѓаат на честитање, кога е Великден или Божик и ние одиме.“


Вербалното изразувањето на почит кон меѓусебните религиозни разлики меѓу луѓето во голем дел се сведува на гест. Сепак, македонските граѓани од друга страна велат дека речникот на прифаќање, почитување и отвореност кон разликите во религијата што се употребува кога за оваа тема се зборува јавно не секогаш кореспондира во релноста. Класичен пример се случувањата од воената криза во Македонија кога настрадаа околу стотина верски објекти. За нивниот биланс зборува поранешнит директор на заводот за заштита на спомниците на историјата Васил Илјов:

„65 цркви се настрадани за време на воените случувања во Македонија и околу 40 џамии.“

Македонските граѓани се соглсуваат дека ова се податоци што фрлаат сенка врз искажувањата за подготвеност за прифаќање и почитување на рзликите во религијата. Но, тие оценуваат дека тоа се примери што претствуваат последица на една воена психологија и политика што неа и е својствена.

Сепак, имајќи ги на ум овие примери граѓаните и претставниците на верските заедници во земјава се согласуваат дека разликите во однос на религиите во Македонија треба да бидат предмет на меѓусебно приближување во иднина. Во таа насока претствникот на исламската верска зедница Јакуп Селимовски и на македоската православна црква владиката Агатенгел изјавија:

„Би требало повеќе напори да се направи и од едната и од другата страна за навистина да се разбере верувањето на комшијата, пријателот.“

„Љубовта божја, бог да биде во сите нас, за да може да истраеме во овие тешки искушенија за доброто и на православниот Македонец и на Македонците од муслиманска вероисповед.“
XS
SM
MD
LG