Достапни линкови

Односите со САД исклучително значајни за стабилноста


Од политички аспект добрите односи на Македонија со Соединетите Држави, како во мометнов единствена велесила во светот, се исклучително значајни особено од аспект на стабилноста на земјава, оценува професорот по меѓународно право и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески. Се разбира, вели Малески ова партнерство со Вашингтон има своја цена:

„Ние можеме да се согласуваме или да не се согласуваме со мудроста на одлуката на САД да интеревенираат во Ирак. Меѓутоа, нема никакви дилеми кај нас околу тоа дека нивното влијание за стабилноста на Балканот е огромно и оттаму има одредена цена којашто треба да се плати.“

Македонија со влегувањето во антитерористичката коалиција, со учеството на нашите војници во мисиите во Авганистан и Ирак па и потпишувањето на спогодбата за изземање на американските војници од меѓународниот кривичен суд јасно се дефинираше себе си како американски партнер со конкретни очекувања.

„Бидејќи во моментов наш државен приоритет е влегување во НАТО, а сметаме дека без поддршка на САД тешко тоа може да го изведеме, логично е да се обидеме со поддршка на САД да го оствариме тоа како краткорочна цел.“

Освен ментораство од аспект на зачленувањето во НАТО, потврдено и официјализирано со јадранската повелба Вашигтон се јавува и како промотор на економскиот растеж.

„Поддршката на САД на Македонија во делот на експертска и техничка помош за развојот на економијата е голема и ќе даде резултати на среден и долг рок,“

вели портпаролот на министерството за економија Гоце Пачемски говорејќи за двата преокта кои во мометотв се реализираат преку преку американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Станува збор за проектот „Конкурентност Македонија“ што тежи 12 милиони долари и проектот за корпоратривно управување и закон за трговски друштва:

„Експертите нивни ни го скратуваат времето за да направиме успешна пазарна економија, тоа не се мери со пари.“

Податоците говорат во периодот од 1992-та година па се до 30-ти септември годинава преку УСАИД е обезбедена помош од 380 милиони долари. Програмата на УСАИД во мометот спроведува над 35 проекти фокусирани на економијата развојот на демократијата и образованието.
XS
SM
MD
LG