Достапни линкови

Пратениците се борат за решение за ТАТ


Борбата на пратениците кој да понуди подобро решение за обесштетување на штедачите на ТАТ на неполна една година пред локалните избори е лицемерен потег на членовите на двете најголеми политички партии, тврди претседателот на здружението на штедачите на ТАТ Ѓорѓи Вељанов.

Пресметките се јасни, од ТАТ диерктно погодени се 12 илјади лица во просек по четири члена од семејство се добива бројка од 48 илјади граѓани, што преставува придобивање на солидно гласачко тело.

„Можам да им порачам на челниците на двете големи партии дека си поигруваат со чувствата на повредените граѓани од штедилницата ТАТ, се со цел да добијат политички поени.“

вели Вељановски. Први со предлог настапија пратениците од пратеничката група на СДСМ кои побараа продолжување на времетраењето на конвертибилните сертификати и проширување на нивната употреба, за веднаш потоа да се јават и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои предложија законско решение со кое сертификатите би требало да добијат третман на обврзници.

„Сметаме дека треба да се поднесе ваков закон,“

е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Не трудете се да донесете решение како она што значи обесштетување преку сертификати, им порачува Вељановски на лидерите на двете најголеми политички партии.

„И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за донесување ваков закон за сертификати.“

Дека законот за обесштетувње на штедачите на ТАТ не профункционира покажува и податокот дека од 60 милиони евра колку што покриваат овие сертификати досега не се опаричени ни две третини, а нивната вредност и натаму опаѓа.

„Сертификатите слегоа на вредност од 20 насто.“

И додека двете политички партии во парламентот нудат нови предлог решенија за обесштетување на штатачите на ТАТ, првиот човек на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија Франек Розвадовски со став, ММФ никогаш не стоела и нема да стои зад ваквите идеи.

„Во врска со ставот за сертификатите на ТАТ тој ви е добро познат и не е сменет. Меѓународниот монетарен фонд од самиот старт беше против издавањето на овие сертификати. Во овој момент ние не сакаме да се продолжи употребата на сертификатите, ниту во поглед на нивното важење, ниту да се прошири нивното искористување и за други намени,“

е ставот на Розвадовски. Останува отворено прашањето дали близината на локалните избори може да го натера првиот финансиер да ја забрза активноста за реализирање на ветеното кон штедачите на ТАТ, па макар тоа не било и по мерак на меѓународниот фактор.
XS
SM
MD
LG