Достапни линкови

Москва: Иванов за итен дијалог меѓу грузискиот претседател Шеварнадзе и опозицијата


Кризната ситуација во Грузија може да се реши по пат на дијалог меѓу претседателот Едуард Шеварнадзе и претставниците на опозицијата, изјави денеска во Тбилиси, рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов по средбата со лидерите на опозицијата Михаил Сакашвили, Нино Бурджанадзе и Зураб Жванија. Иванов посочи дека со Шеварнадзе разговарал за ситуацијата во земјата, за развојот на билатералните односи, вклучувајќи го и договорот за соработка меѓу Русија и Грузија, како и за итно решавање на конфликтите во Абхазија и Јужна Осетија. Шеварнадзе од своја страна изјави дека е подготвен да преговара со претставниците на опозицијата, но само доколку тие ја напуштат зградата на Парламентот во Тбилиси. Вчера приврзаници на опозицијата насилно влегоа во грузискиот Парламент, побараа оставка од претседателот Едуард Шеварнадзе и распишување нови парламентарни и претседателски избори поради, како што наведуваат, нерегуларностите на неодамна одржаните избори во државата.
XS
SM
MD
LG