Достапни линкови

logo-print

Подобрување на јавното мислење за алијансата


Со цел промоција на Јадранската повелба, која во мај годинава ја потпишаа Македонија, Албанија и Хрватска под покровителство на САД, во земјава започна кампања, наречена „Во јато - кон НАТО“, која освен промоција на повелбата има за цел и подигнување на јавното мислење на македонските граѓани за влез на државава во северно-атлантската алијанса. Всушност, со кампањата, Македонија и регионов треба да остават слика на земји со позитивен и прогресивен развој, односно регион подготвен да ги преземе сопствените обврски на патот на интеграцијата, вели Лазар Еленовски, генерален секретар на македонскиот евро-атлантски клуб:

„Сметавме дека е битно и за јавноста и граѓаните, најпрво да ги запознаеме со јадранската повелба, и понатаму вклучување на сите оние сили во државава што можат да помогнат во тие процеси. И во таа насока ние веќе започнавме со кампањата, изработен е маркетишки материјал. Ќе работиме посебно со невладиниот сектор. Припремивме кампања во поголемите градови во државата, да поминеме да ги собереме тука, поголемиот дел од побројните и појаки невладини организации. Нормално, со единиците на локалната самоуправа исто така ќе соработуваме, и нормално дека во овие средини би имале одредено учество и локалните медиуми.“

Кампањата, „во јато кон НАТО“, вели Еленовски се одржуав во пресрет на почетокот на самитот на НАТО во Истанбул:

„И тука би требало Македонија да го добие оној позитивен сигнал за члество заедно со другите држави од групата.“

Во насока на кампањата, тимот на НАТО во земјава с,ета дека во Македонија, позитивниот одзив на јавноста што е и еден од критериумите за членство на државава во алијансата е зголемен:

„Мој впечаток е дека последнава година, работата што ја направи НАТО во Македонија, интеграцијата и довербата со македонските власти се зголемува од ден на ден. Се чини дека сега заедно работиме како партнери и сојузници. Самото присуство на советодавниот тим е потврда за тоа. Ниедна земја аспирант нема советодавен тим на НАТО. Самото ова потврдува дека сме далеку од сликата за НАТО којашто беше за време на косовската криза. Мислам дека сега НАТО се доживува како организација која е тука да помогне во идните безбедносни закани,“

изјавувва Џејмс Бакстер, шеф на советодавниот тим на НАТО во Македонија.
XS
SM
MD
LG