Достапни линкови

Постепено се нарушува цврстината на домот и на семејството


И македонските семјства не се имуни на последиците на новото време и новиот начин на живеење. Во трката за обезбедување на профит или за одржување на голата егзистенција постепено се нарушува цврстината на домот и на семјството. Оттаму, и се позачестените облици на социјално патолошки појави и малолентичка деликвенција која последниве години е во пораст и во Македонија, вели социологот Нелко Стојановски:

„Имаме пораст на малолетничката деликвенција, особено на потешки форми на малолетничко претсапништво, а токму затоа што во потполност се загубила контролата, семејтвтото ја изгубило моќта и можноста врз младите, па тие препуштени сами на себе, по пат на индукција од други, да почнат со поблаги алкохолни пијалаци, да станат подоцна и зависници, да почнат со марихуана, за потоа да земат и други дроги. Тоа е сериозен проблем во нашето општество.“

Се трудам да не го запоставам семејството и во тоа успевам, но сепак, работата го одзема најголемиот дел од денот велат две вработени скопјанки:

„Нормално се трудам секој слободен момент квалитетно да го искористам, затоа што мислам дека само празното време поминато со децата, без разлика на времето што го поминувате може да им штети на децата.“

„Мислам дека се снаоѓам, почесто се случува помошта околу домашните задачи, посебно на едното дете, другото е помало, дефинитивно им недостига таа поддршка.“

Како најмалите членови на семејството гледаат на работните обврски на своите родители:

„Зафатени се некогаш, ама најчесто навечер наоѓаме време да седнеме. Се случува да се најдеме сите дома. Кога ќе дојдат од работа, мајка ми не може со мене да излезе во град, два или три саати затоа што е уморна затоа што била на работа, ако ептен мора, тогаш ќе дојде, ама секој ден да седнува, нормално нема време.“

Љубовта на децата не се купува само со пари потенцира социологот Нелковски, кој покрај семјството за здравиот развој на најмладата популација упатува и на образованието на медиумите и на превентивните акции во самото општество:

„Замислете еден 16 годишник, во еден, два или три часот по полноќ во некое кафуле, колку ќе биде во состојба следниот ден да ја следи наставата или да ги извршува нормалните свои активност. Значи, и полицијата во таа смисла, и другите форми на контрола, мислам дека со здружени може да направат нешто на овој план.“
XS
SM
MD
LG