Достапни линкови

Вашингтон: Премиерот Црвенковски во посета на САД


Македонска делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски од денеска, по покана од американскиот потпретседател Дик Чејни, ќе престојува во пет дневна посета на Соединетите Држави. Покрај разговорите со Чејни, предвидено е делегацијата да се сретне и со државниот секретар Колин Пауел. Се очекува на овие разговори да стане збор за продлабочување на македонско американските односи. Македонската делегација во Вашингтон ќе има средби и со претставниви на ММФ и Светската банка.
XS
SM
MD
LG