Достапни линкови

Во Македонија нема засилени мерки на безбедност


Македонските безбедносни органи вниматлено ја следат ситуацијата во регионов, по терористичките напади во Турција, но не гледаат потреба од превземање на засилени мерки за безбедност.

Полицијата засега не презема дополнителни мерки за обезбедување, вели Борче Пешевски од секторот за информирање при МВР:

„Нема никакво посебно ништо дополнително, со оглед на тоа дека нашите сознанија не укажуваат на податоци за преземање на дополнителни мерки или нешто слично.“

И Министерството за одбрана не ја зголемило готовноста на Армијата.

„МО и Генералштабот на АРМ, и секторот за разузнавање и воена безбедност врши размена на информации со безбедносните служби на други држави, со пријателските служби, инаку не е зголемена борбената готовност, поради последните случувања во регионот, вклучително и Истанбул.“

изјави портпаролот на МО Марјан Ѓуровски.

Оценката на безбедносните органи дека не се потребни засилени мерки на безбедонст не држи, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов:

„Ако се точни информациите дека има припадници на Ал Каеда, многу блиску, тогаш се налагаат засилени мерки на безбедност на границата, но и внатре во државата, посебно да се заштитат објектите на странските дипломатски претставништва.“

Во вакви ситуации вели тој од клучно знчење се функционирањето на разузнавчките и контраразузнавчките служби

„Не е доволно само засилени мерки за заштита на објектите од витално значење или на странските дипломатски претставништва. Клучна е улогата на разузнавањето, која треба да собира информации, да ги доставува до другите служби и да ги алармира. Овде јас сакам посебно да нагласам, потребата од размена на информациите, од сите држави коишто се борат против тероризмот во светот.“

Со учеството во меѓународната коалиција против тероизмот Македонија како држава е изложна на можни тероистички напади смета екс министерот Павле Трајанов:

„Ние сме како држава вклучени во глобалната коалиција против тероризмот, сме на страната во Ирак, на САД и Англија, нашиот контингент е таму и сето тоа не обврзува да бидеме крајно претпазливи како држава.“
XS
SM
MD
LG