Достапни линкови

logo-print

Истанбул: Посета на британскиот шеф на дипломатијата Џек Строу


Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу, кој е во посета на Исанбул, оцени дека вчерашните терористички напади врз британскиот конзулат и лондонската банка во кој загинаа 27 луѓе, а над 400 беа повредени, се атак врз цивилизацијата. Строу на заедничката прес конференција со шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул, изјави дека нападот беше насочен против британските интереси, но уште повеќе против турскиот народ, бидејки 20-мина од загинатите се турски државјани. Министерот Ѓул соопшти дека веќе се уапсени неколкумина осомничени, но оти е рано за повеќе детали, оценувајки дека Турција се развива како демократска и модерна земја, а тоа очигледно некому му пречи.
XS
SM
MD
LG