Достапни линкови

Еден од клучните фактори, законот за децентрализација


Македонија донесе решение да поднесе кандидатура за членство во Европската Унија. Дилемата е кога ќе биде тоа направено, потврди премиерот Црвенковски:

„Дали тоа ќе биде направено во текот на декември, јануари или најдоцна февруари ќе зависи од проценката на неколку позитивни фактори.“

Еден од тие фактори и воедно клучниот услов без кој не се може се трите закони од пакетот наречен децнтрализација: законот за територијална поделба, за финансирање на општините и за град Скопје. Собраниската процедура за овие закони согласно рамковниот договор мора да ги чека резултатите од пописот, а тие се најавуваат до крајот на декември.

„Работите се одолговлекоа повеќе од очекуваното но беше важно законите да бидат добро усогласени и исто така да дојдат речиси во исто време со резултатите од пописот. Јас сум убеден дека до крајот на годинава двата закона ќе влезат во собраниска процедура, а еден или можеби и двата ќе бидат и усвоени,“

вели еден од меѓународните олсенувачи американскиот амбасадор Лоренс Батлер.

Македонскиот државен врв проценува дека со почетокот на собраниската процедура за законите земјава ќе има доволно аргументи да го поднесе барањето во Брисел, но засега Европа, преку портапролот Шина Томпсон на ова одговара:

„Обврската овие закони да бидат донесени и усвоени е клучна за да се испрати писмото за апликација.“

Затоа и препораките на Брисел се да не се брза со кандидатурата, таа да се одложи и по терминот што Македонија го смета за краен а тоа е февруари. Проценките на европските дипломати се дека влегувањето на нацрт-законите пред нова година во парламентот не значи и нивно брзо усвојување бидејќи станува збор за системски закон за кој е неопходно двотретинско мнозинство, со други зборови неопходни се гласовите на опозицијата, а таа бара дополнителни договори

„Децентрализацијата значи, пренесување на одредени надлежности од централната на локалната власт. Ние го потпишавме Рамковниот договор, некои работи веќе се имплементирани во законот за локална самоуправа, додека бројот и границите на општините се работа закоја што политичките субјекти треба да се договорат. Во однос на законот за финансирање на локалната самоуправа, тука проценките се дека работите исто така се влошуваат.“

изјави лидерот на партијата потписник на рамковниот договор ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски најавувајќи дека третиот закон за град Скопје кој сеуште не е усогласен ниту меѓу коалиционите партнери во власта допрва ќе стане жешка тема.
XS
SM
MD
LG