Достапни линкови

Министерството за одбрана ја разгледува можноста за промена на мисијата


Од мировна мисија, мандатот на македонските војници во Ирак, ќе биде сменета, со мисија за зајакнување на мирот. Тоа ќе биде нова мисија, која подразбира поголем ризик за нашите војници, велат извори во министерството за одбрана. Заменик министерот за одбрана Ризван Сулејмани, некоментирајќи ги ваквите најави со оценка:

„Македонските војници во потполност ги извршуваат поставените задачи од страна на носителот на мисијата, така што по сите основи тие се рамо до рамо и еднакви со сите војници и со војниците од американскиот контингент, така што добиваме пофалби за обученоста и способноста на македонските војници да се справат со поставените задачи во Ирак и ние сме потполно задоволни.“

Сеуште не е познато дали ќе се зголеми македонскиот контингент во Ирак, кој сега изнесува 28 војници и тројца офицери за врски. Нивниот мандат истекува за еден месец, додека за евентуалната нова мисија, или пак продолжување на истата одлука треба да донесе македонското собрание. А, таму пак, дел од пратениците бараат дури сега собранието да расправа за воената мисија во Ирак и дали таа треба да биде повлечена, бидејќи развојот на настаните таму оди во судир со нашиот устав, е ставот на пратеникот на СДСМ Тито Петковски:

„Собранието одлучува за испраќање војници во туѓи земји и спореед уставот ние може да испраќаме војници само во мировни мисии,“

вели Петковски, кој посочува во никој случај, нашите војници не може да учествуваат во вооружени акции во странска држава:

„Не, не смее, тогаш има квалификација на агресори и окупатори, тоа нашиот устав не го дозволува.“

Додека, во најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека извршниот комитет на партијата сеуште не расправал по ова прашање.
XS
SM
MD
LG