Достапни линкови

Глобалниот тероризам бара глобален одговор


Употребата на сила понекогаш е единствениот начин за да се одбранат демократските вредности, мирот и безбедноста на светот, рече во говорот во Лондон американскиот претседател Џорџ Буш кој престојува во 4 дневна посета на Велика Британија.

„Луѓето ни ја дадоа должноста да ги браниме и таа должност некогаш бара насилство против насилните луѓе. Во некои случаи, одмерената употреба на сила е тоа што не заштитува од хаотичниот свет предводен од сила.“

Американскиот претседател ја бранеше неговата одлука за војната во Ирак поврзувајки ја со акциите во Авганистан и на Косово. Ирак е рече Буш подобар без Садам Хусеин и евентуалниот неуспех на демократијата ке ја врати назад земјата во хаосот на терористите. Глобалната закана, смета американскиот претѕседател бара глобален одговор.

„Најголема закана на нашето време е нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје во рацете на терористите и диктаторите кои и да се.“

изјави Буш во обраќањето посветено на надворешната и трансатланската политика на Соединетите Држави.
Буш негираше дека американската политика е едноставно базирана врз интересите. Тој повика на важноста од единство во Европа, потсети на историјата, на дикататорите односно како е дојдено до тоа единство и и се заблагодари на Велика Британија за подршката во Ирак. Британскиот премиер Тони Блер во парламентот пак рече дека најдобриот интерес на Британија се добрите релации со Соединетите Држави. Во Лондон пак илјадници припадници на безбедносните сили презедоа огромни мерки стравувајки од терористички напади и евентуални немири на протестите против војната во Ирак предводена од Соединетите држави и одлуката на премиерот Тони Блер за британско учество во неа.
XS
SM
MD
LG