Достапни линкови

logo-print

Пакетот закони за децентрализација се носи на нетранспарентен начин


Во период кога измените во пакетот закони за децентрализација треба да финишираат општините немаат можност од увид во она што досега го сработеле миниситерствата што се надлежни за нивна изработка.

„Така што еве последната верзија на законот ни се случи до ден денешен да не ја добиеме, верзиите на градот Скопје воопшто и ги немаме добиено. Во последно време многупати ни се случува лиферуваните информации од медиумите, да бидат информации за коишто ние мора да расправаме на постојаниот комитет.“

Претседателот на ЗЕЛС Горан Ангелов посочува дека овој недостаток од комуникација меѓу владата и надлежните министва за финсии и локална самоуправа што како проблем се појавил во последно време мора да биде надминат.

Со забелешката дека владините кабинети не се доволно отворени за последните измнени што се направени во овие закони се согласуваат и експертите кои во изминатот период работеле на некои од верзиите на овие акти. Министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски пак, изразувајќи принцип на согласнот за потребата од приближување на пакетот закони за децентрализација на општините на јавноста изјави:

„Овој процес да го направиме разбирлив и близок до граѓаните, пред се ова значи информирање и дијалог за реформата. Тоа значи да вклучиме покрај граѓаните и советите на општините и градоначалниците кои имаат улога за приближување на овој процес до граѓаните.“

Претседателот на ЗЕЛС Ангелов смета дека една од причините поради која дошло до немање увид во интезитетот со кој досега се направени измните на законите се должат на како што вели политичките притисоци на партиите во власта во односо на конечната верзија на законите.

„Бидејќи веројатно и министерството за локална самоуправа сеуште ги нема подготвено во фаза на нацрт закон затоа што условно сеуште постојат преговори меѓу партнерите во власта. Ние стравувавме како асоцијација.“
XS
SM
MD
LG