Достапни линкови

Витлеем: Убиени двајца Израелци во напад на палестински милитанти


Двајца израелци биле убиени при нападот на палестински милитанти во близина на градот Витлеем на Западниот Брег, јави израелското радио, додавајки дека е во тек потрагата по напаѓачите. Израелските сили започнале операции и во градот Рафа во ПОјасот Газа при што најмалку 8 луѓе биле ранети. До инцидентите доаѓа откако вчера израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека во наредните неколку дена ќе разговара со палестинскиот премиер Ахмед Куреи за обновување на мировниот план.
XS
SM
MD
LG